15.12

Лидери во online обуките по сметководство?

Што вели Лина Ивановска, дипл.ецц, раководител на backoffice, Аси ДОО Скопје, за обуката за сметководство во Нова консалтинг?

Согласно работните одговорности, имав потреба, а и голема желба да посетам обука за сметководство, даноци и контрола на финансиски извештаи. Изборот беше ПКФ Нова Консалтинг.

Двомесечната онлајн обука беше интерактивна, забавна, едукативна и инспиративна.

Оваа обука е бесценента и навистина  важна за мојата понатамошна кариера. Практичните вежби многу ми помогнаа да го разберам теоретскиот дел. 

Бев пријатно изненадена од ентузијазмот на нашиот предавач и драго ми е што постојат луѓе кои умеат да го препознаат потенцијалот на младите и сметаат дека никогаш не е залудно да се вложува во нив за да имаме едно подобро општество. 

Оваа обука ја препорачувам на секому што сака да го надгради своето знаење од оваа област.

Голема благодарност до Кристина и целиот тим на ПКФ Нова Консалтинг!


Сара Стојановска,  магистер по економски науки, вработена во финансов сектор во Бадо ДООЕЛ Битола, го сподели своето искуство од обуката за сметководство во Нова консалтинг!

Што се однесува до моето искуство поврзано со оваа обука за сметководство би го напишала следново:

Од обуката го добив дури и она што не можев да замислам дека некој би ми го овозможил:
  • стручност,
  • посветеност,
  • дисциплина и
  • ред на највисоко ниво. 

Континуирана интерактивна настава, проследена со детално објаснување, анализирање и тестирање на секој детал поврзана со сметководството. 

И што е најважно:
  • поединечен пристап и внимание на секој учесник во обуката, и
  • одговор на сите прашања и нејасностии.  

Ви благодарам од се срце Нова консалтинг. Се беше прекрасно!


Милица Трајковска, студент на Економски факултет при Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје

Без никакво предзнаење во областа, од упорноста, желбата да се пренесе максимум знаење, трудот и истрајноста на Кристина Тилиќ и Марија научив премногу, стекнав самодоверба и можам со сигурност да кажам дека во иднина можам да работам како сметководител.

Секоја чест за трпеливоста, позитивната енергија,  мотивацијата како и довербата дека сите до еден можеме да го впиеме Вашето знаење. Иако беше online обука Вашиот професионализам ги надмина моите очекувања, така да топло ја препорачувам секому. 

Ви благодарам за се!

Нова консалтинг е пример како треба да се оджува online обука за сметководтсво!



Стефанија Димковска, студент на безбедност и финансии, вработена во Оптика Фокус, Свети Николе

Голема благодарност до тимот на Нова Консалтинг, учев од професионалец и сватив дека кој сака да биде успешен во учењето, а притоа во работата, не треба да се плаши.

Секој почеток е тежок и секој има право на грешки, но со упорноста и трпеливоста на  тимот на Нова консалтинг, предизвикот и желбата за учење и надоградување и натаму продолжува !!!