12.12

Покомпетентни на пазарот за труд?


Деа Димовска, вработена во Космо Тинекс, раскажува за нејзината желба за нови знаења во областа на сметководство!

Иако растргната меѓу работните обврски и желбата за нови знаења во областа на сметководство, сепак најдов време да ги исполнам сите обврски поврзани со наставниот материјал, домашните, тестовите и проектите.

За фактот дека сум презадоволна со постигнатиот резултат секако е заслужен тимот на Нова  консалтинг
  • нивната одлична организација, посветеност, 
  • грижа, и 
  • трпение. 

Ви благодарам Нова консалтинг за грижата и трпението со мене!


Ангела Ристова од Штип

Јас сум презадоволна од методологијата и техниките на предавање. Научив многу , омилен дел ми беа домашните задачки.

Ја препорачувам Обуката за Сметководство во Нова Консалтинг како одскокна даска за личен и професионален развој во секторот Финансии.

Кристина е Професионалец,  со умерена строгост  упорност и мотивација да предаде знаење на своите студенти. 


Сара Станоевска, ММЦ Прогрес ДООЕЛ, Делчево



Курсот за сметководтвто беше многу интересен и интерактивен, со многу сценарија од реалните активности на компанијата што го направија да добиеме чуство дека работиме сметководство на постоечка компанија. 

Силно ќе го препорачам на сите кои се обидуваат да го најдат својот пат преку принципите на сметководството.


Фросина Арсиќ, сметководител во СМС Шоп, Скопје, зборува за нејзината желба и потреба да научи сметководтво!


Во текот на обуката за сметководство се кршев помеѓу желбата да научам сметководтво и можностите. Помислував: неможам има многу за учење! Многу тестови, домашни задачи, проекти, контроли...

Но посветеноста, упорноста, и помошта од тимот на Нова консалтинг ме потикнуваа да учам и работам повеќе и повеќе.

Си заминувам задоволна и горда со постигнатиот резултат.

Ви благодарам Нова консалтинг на упорноста и посветеноста!


Дејан Китановски, дипл.ецц, смет сметководтво и ревизија, практикант во БДО ревизија

После завршените Прв циклус на студии на Економски факултет на смер сметковотство и ревизија, одлучив да го проширам своето знаење во областа на сметковотството. Нова консалтинг и едукацијата, ја одбрав поради одличната понуда на едукативна програма.

Како искуство пред се’ морам да кажам дека се работи за одлична екипа, професионално одработена обука во која беше опфатена целокупната програма за сметковотство.

Online обуката комплетно ги задоволија моите очекувања, иако искрено бев скептик дали ќе го добијам истото што би го добил со физичко присуство.

Со постигнатите резултати се потврди дека резултатот од online обуката е одличен. 

Научив доста работи за кои знам дека и тоа како ќе ми бидат темел за надоградба на моето знаење во областа на сметковотството, а заедно со тоа и да ме направат покомпетентен на пазарот на трудот.

Голема благодарност до Нова консалтинг за посветеноста, одличната соработка, одличната организација во делот на online обуката и пренесеното искуство.