Сара Георгиевска, од неодамна си дипломиран економист на Економскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, како се појави желбата да учиш сметководство?
Веднаш по завршувањето на студиите и со самотот стекување на титулата дипломиран економист, знаев дека моето образование не завршува тука.
По природа сум личност која стреми кон исполнување на повисоки цели и сака постојано да се надоградува.
И покрај тоа што учев Финансиски менаџмент, во текот на моето студирање изучувавме неколку предмети кои беа поврзани со сметководство. Уште оттогаш се појави желбата кај мене да го надоградам моето знаење во областа на сметководството.
Што мислиш колку е важна надоградбата во образованието за професионен ангажман во некоја компанија?
Надоградувањето во областа на образованието и едукацијата на една млада индивидуа е клучот за понатамошен успех како на професионален така и на приватен план.
Во секоја компанија се потребни луѓе со силни познавања од одредена област, спремни за предизвиците што предстојат и луѓе кои не се плашат да се надоградуваат и учат.
Како би се опишала себеси со 3 збора?
- Амбициозна,
- одговорна,
- упорна.
Опиши го твоето искуство со Нова консалтинг!
На сите кои што сакаат да инвестираат во себе во областа на финансии и сметководство, дури и на оние кои не размислуваат воопшто топло им ја препорачуваам оваа обука и НОВА КОНСАЛТИНГ.
Обуката ќе ви отвори нови погледи кон сметководството и ќе ви ги сруши тие стереотипи дека сметководството е најздодевната работа, како што и многу млади размислуваат.
Концептот на обуката е направен така што ги опфаќа сите аспекти на сметководството. Начинот на кој се одвиваат предавањата, концентрацијата со која не држеше Кристина до последна минута и интеракцијата се нешто кое ме воодушеви.
Во неколку збора за НОВА КОНСАЛТИНГ можам да кажам:
- Стручност
- Посветеност
- Трпеливост
- Дисциплинираност
- Достапност во секое време
Иако беше online обука Вашиот професионализам ги надмина моите очекувања, Нова Консалтинг е пример како треба да изгледа ONLINE едукација!
Што е она по што ќе ги паметиш менторите од Нова консалтинг?
Професионалност на највисоко ниво;
Енормна посветеност и желбата сите учесници да излезат од оваа обука со знање и со поголема сигурност во себе;
Позитивната строгост од страна на Кристина и константната интеракција се оние работи кои ни го задржуваа вниманието до последната минута од часот;
А најважно од се, големата мотивација која ни ја даваше за да можеме да успееме и за краток период да се стекнеме со големи знаења.
Ви благодарам Нова консалтинг!