01.02

Правниците со познавање на сметководство се во предност пред другите!

Интервју со Дијана Стојковска


По струка си дипломиран правник, од каде се појави желбата да учиш сметководство?

Како правник со изразена аверзија кон бројки и се поврзано со нив, никогаш не помислував дека мојот професионален развој ќе ме одведе токму во тој правец. Се приклучив кон обуката скептично и неволно исклучиво заради неопходност да го надоградам моето основно знање во областа на сметководството, финансиското работење и даноците како би ги извршувала беспрекорно моите работни обврски и задачи.


Што е она по што ќе ги паметиш менторите од Нова консалтинг?

Уште од самиот старт на обуката благодарение на предавачот Кристина, мојата неволност и скептичност исчезнаа и прераснаа во исклучителна заинтересираност, мотивираност и се поголема желба за знање во предметната област.

Иако обуката се одржуваше онлајн, не претставуваше пречка во ниту еден момент да Кристина со својата извонредна  посветеност, елоквентност  и стручност ни го задржи вниманието во текот на целото предавање, ни ја пренесе материјата концизно и разбирливо,  и не мотивира да своеволно се активираме и вложиме себеси максимално се со цел  да на крај од оваа обука излеземе комплетно самоуверени и задоволни од самите себе. 


Што мислиш, дали обуката ќе допринесе за твојот професионален развој?

Презадоволна во секој поглед од се она што го поминавме овие неколку месеци за време на обуката, од стекнатите знаења пред се кои сум убадена дека неминовно ќе влијаат на мојот понатамошен професионален успех. 


Што ќе им препорачаш на твоите пријатели?

Најискрено ја препорачувам безрезервно оваа обука на секој еден без оглед дали е вработен, невработен, кој сака да се  надогради  или пак нема воопшто познавања од областа, да смени професија, да напредува, едноставно да учи од најдобрите експерти и професионалци… 

На секој кој сака да вложи во себе и своите знаења и паметно да ги искористи своите време и пари!


  

02.02.2022, Нова консалтинг