29.12

Спој меѓу желба и организиран пристап


Без никакво предзнаење, но со огромна желба и верба во себе, благодарение на стручноста, посветеноста, трпеливоста и професионалноста на Кристина и тимот на Нова Консалтинг, се стекнав со огромни знаења од областа на сметководството.

Иако беше online обуката, професионалноста на тимот на Нова Консалтинг ги надмина моите очекувања. Искрено ја препорачувам на секој што сака да се стекне со знаење од областа на сметководството.

ПКФ Нова Консалтинг, од се срце Ви благодарам за целиот труд кој што го вложувате во сите учесници поединечно, се со цел секој од нас да се здобие со повеќе знаење од областа на сметководството.

Ви посакувам уште многу поголеми успеси во иднина!

Ана  Наунова, м-р. на правни науки, административен работник во Бако Нутс


Јас сум презадоволна од тимот на Нова Консалтинг, нивното трпението и посветеност на секој од нас поединечно да ни обрне внимание. 

Уште на првиот час имав чувство дека сум направила правилен избор, што се покажа и повеќе од точно. Она што го добив и она што го постигнав ги надмина моите очекување, можам слободно да кажам дека ја завршувам обуката со стекнати практични вештини и знаења кои секако ќе имаат ефект врз мојот натамошен развој.

Под менторство на Кристина, се стекнав со самодоверба и сум сигурна дека сум спремна за нови предизвици.

Оваа обука треба да се доживее бидејќи секој од нејзе, без разлика од каде доаѓа или колку предзнаење има, ќе се стекне со знаења од областа на сметководство и економија. 
Интерактивен пристап, тестови, задачи, повторување, контроли тоа е она што ти прави да бидеш задоволен со себе на крајот на обуката.


 Ангела, дипл.ецц.сметководство и ревизија, АД Осигурителна полиса

Знаењета и искуствaтa кои ги здобив се неописливи и верувам дека многу ќе ми помогнат при градењето на мојата идна кариера како сметководител.


Пријавувањето и учеството во обуката беше мојата најпаметна, најкорисна и најинтересна одлука до сега. 

Никола Николовски, студент на економски факултет, смер сметководсво и ревизија