06.02

Сметководство-вистинска професија која сакам да ја работам!

Марија Дурацоска, студент на економски факултет, смер сметководство и ревизија

Марија, кога се појави желбата да учиш сметководство?

Мојата желба за учење сметководство се појави уште во средно образование. Во втора година од средно образование се стекнав со моите први знаења од сметководството.

Сфатив дека сметководството е многу интересна и примамлива професија и бев одлучна дека тоа е вистинската професија која сакам да ја работам и затоа се запишав на Економскиот факултет во Скопје.

 

Како би се опишала себе си со 3 збора?

  • Посветена
  • Креативна
  • Трудољублива

 

Опиши го твоето искуство со Нова консалтинг во неколку збора.

Искуството од обуката беше одлично, ги надмина сите мои очекувања.На сите оние кои сакаат да ги прошират своите знаења во  областа на Сметководството им ја препорачувам обуката на Нова Консалтинг.

Професионалноста на Кристина нејзината мотивација и начинот на одржување на наставата се пример за тоа како треба да изгледа една обука по сметководство.

Што е она по што ќе ги паметиш менторите од Нова консалтинг?

  1. Професионалност
  2. Упорност на што е можно подобар начин да го пренесат знаењето  и секој учесник да биде задоволен од обуката       
  3. Посветеност во работата и големо искуство во областа на сметководството


Што мислиш какво влијание ќе има обуката за сметководство во Нова консалтинг во твојот понатамошен развој? 

Сметам дека обуката на Нова Консалтинг ќе има големо влијание врз мојот понатамошен професионален развој. Обуката ги опфати сите делови од сметководството и даночното работење. Преку голем број примери стекнав практично искуство, вештини и знаења.


Марија Дурацоска, студент на економски факултет, смер сметководство и ревизија

06.02.2022, Нова консалтинг