Ангела, по струка економист, смер сметководство и ревизија, работиш како референт за строга евиденција во АД Осигурителна полиса. Како се појави желбата да учиш сметководство?
Желбата за изучување сметководство се појави непосредно пред уписите на факултет.
Интересна беше реакцијата на моите блиски кога слушнаа дека се одлучувам за сметководство и ревизија, сите го имаа тој став дека сметководството е тешко, дека не секој може да го разбере и работи, што за мене беше причина плус да си докажам себеси
дека тоа е нешто што јас можам да го совладам и да се пронајдам во истото, а и притоа да се уверам дека сметководството како професија не треба да се третира како нешто страшно, туку дека е убава и посветена професија која е од круцијално значење.
Како би се опишала себеси со 3 збора?
Трпелива, посветена и упорна.
Колку е лесно да се балансира работата и приватниот живот?
Со добар дневен распоред и силна желба за зацртаните цели, сметам дека можеме да го балансираме приватниот живот со работата иако на сите тоа ни се гледа тешко.
По природа си амбициозна и постојано ги надоградуваш своите знаења. Која е твојата мотивација?
Со секое знаење плус, учење на нешто ново, ние растеме секојдневно.
Сметам дека треба да тежнееме кон тоа да сме најдобри што можеме првично за себеси и лична сатисфакција, бидејќи со самото тоа си ја градиме самодовербата и тоа е голема мотивација за мене.
Опиши како беше твоето искуство со Нова консалтинг!
Обуката ги надмина моите очекувања, можам слободно да кажам дека излегувам со знаење од истата кое многу ќе ми придонесе во скора иднина.
Дефинитивно е обука која треба да се посети и доживее, бидејќи секој од истата ќе излезе со знаење.
Интерактивната настава, тестовите, задачите и целокупниот пристап според мене е задоволителен и за тие без никакво почетно искуство како и за тие кои веќе имаа некое предзнаење.
Што е она по што ќе ги паметиш менторите од Нова консалтинг?
Трпението и посветеноста на професорката Кристина за секој од нас поединечно многу ми значеше.
Менторството на Кристина ми влеа многу надеж и самодоверба заради која понатака ќе бидам спремна да одам кон нови предизвици.
-Ангела Смилевска