20.02

Часови прилагодени за брзо учење!

Даниела Данајлоски, сметководител во Здравје Радово

Голема благодарност до прекрасната менторка Кристина која несебично го сподели своето знаење со нас. Чест и задоволство ми беше да учам од тимот на Нова консалтинг.

Никола Николовски, студент на економскиот факултет во Скопје, смер: сметководсто и ревизија

Пријавувањето и учеството на оваа обука беше мојата најпаметна, најкорисна и најинтересна одлука до сегаЗнаењета и искуствaтa кои ги здобив се неописливи и верувам дека многу ќе ми помогнат при градењето на мојата идна кариера како сметководител.


Ана  Наунова, м-р. на правни науки, административен работник во Бако Нутс


Без никакво предзнаење, но со огромна желба и верба во себе, благодарение на стручноста, посветеноста, трпеливоста и професионалноста на Кристина и тимот на Нова Консалтинг, се стекнав со огромни знаења од областа на сметководството.

Иако беше online обуката, професионалноста на тимот на Нова Консалтинг ги надмина моите очекувања. Од се срце, ја препорачувам на секој што сака да се стекне со знаење од областа на сметководството. ПКФ Нова Консалтинг од се срце Ви благодарам за целиот труд кој што го вложувате во сите учесници поединечно, се со цел секој од нас да се здобие со повеќе знаење од областа на сметководството.

Ви поосакувам уште многу поголеми успеси во иднина!


Наташа Тренковска, Биснис логистика, Авет – унапредувач на продажба


Нова Консалтинг, професионални, доследни, посветени. Целиот тим е прекрасен и ви стојат на располагање цело време. Би сакала да го споделам моето позитивно искуство за целата обука со сите.

Навистина е многу интересно, часовите се прилагодени за брзо учење. Јас многу научив за кратко време, што реално претходно не успеав да го научам во текот на целото мое школување.

Од секогаш сметководството ми било интересно и сум сакала да го работам. Сега со оваа обука, сметам, дека конечно ќе добијам можности да се докажам. Благодарна сум на професорката и целиот тим што максимално се трудеа да не научат.


Теодора Стојанова, 

Професионален и одговорен тим. Професорка со многу знаење и умерена строгост, но сето тоа за наш успех. Пример за тоа како треба да изгледа обука за сметководство. Убаво искуство проткаено со многу дружба, иако обуката беше online, и многу многу ново знаење.


Марија Дурацоска, студент на економски факултет, смер сметководство и ревизија


За сите оние кои сакаат да ги прошират нивните знаења и практични вештини во областа на сметководство и даночното работење им ја препорачувам обуката на Нова Консалтинг.

Јас како студент од четврта година на Економски факултет во Скопје ја започнав оваа обука со цел да стекнам дополнителни знаења  во областа на сметководството. Обуката ги задоволи и надмина сите мои очекувања. 

Професионалноста на Кристина придонесе за тоа на одличен начин да ни помогне да го разбереме сметководстввото. Со голем број на примери, домашни и голема мотивација Кристина направи за краток временски период да стекнеме нови практични знаења и вештини.


20.03.2022, Нова консалтинг