22.04

Пат до успешен професионалец!

Познатата поговорка вели:  "Човек учи додека е жив".  Без оглед на  возраста и професионално искуство,  секогаш можете да стекнете дополнителни знаења доколку сте слушател на предавањата по сметководство во ПКФ Нова Консалтинг.

Моето знаење во областа на сметководство го надоградив благодарејќи на врвниот тренер и неговото професионално знаење и предавања - Кристина Тилиќ.. 

Токму кога се соочив со нови предизвици ми се јави  потребата да го надоградам своето професионално знаење  во областа на сметководството. Сметам дека во иднина ова знаење многу ќе ми помогне за мој личен и професионален развој.

Топло препорачувам  секој кој што чувствува потреба за раст и развој во својата кариера и има желба да научи сметководство, Нова Консалтинг ќе му ја овозможи најсоодветна обука и пракса. Со споделувањето и изучувањето  преку практични примери и проекти материјата лесно се совладува.

Благодарна сум што бев дел од прекрасен тим на мотивирани колеги кои што бевме со различни квалитети и компетенции но со една иста цел: Да го надоградиме знаењето во областа на сметководството и да бидеме успешни професионалци на нашите работни позиции во иднина.

Моја искрена препорака да ја посетите оваа обука зошто придобивките ги  чувствувате уште во текот на слушањето на истата.

Кате Марков- Економист

22.04.2022