23.04

Бенефит од обуката: знаење и самодоверба!

Даниела Палтоска, магистер по економски науки со 12 години искуство од банкарски сектор,  сега менаџер за продажба во приватна компанија, Постекспрес Македонија ДООЕЛ - подружница Прилеп, зборува за своето искуство во Нова Консалтинг.

Можам да кажам дека од оваа обука се стекнав не само со знаење, туку и самодоверба која далеку повеќе ни треба во работата и во процесот на донесување на одлуките.

Во однос на предавањата сум презадоволна:

  • навлегуваат во секој потребен дел од сметководството,
  • научивме каде најмногу треба да обрнеме внимание,
  • што треба да контролираме,
  • самостојно да согледаме каде сме направиле  пропуст,
  • самостојно да ги корегираме грешките.
Она што Нова консалтинг ни го овозможи е ментор со огромно професионално искуство – Кристина Тилиќ. Личност која несебично го пренесува своето знаењето на учениците, несебично се вложува да научиме, достапна секогаш кога нас ни е потребна.

Кристина, Ви благодарам за сетоа тоа што јас го научив и се надополнив со нови знаења а пред се самодовербата која ите како ја користам сега а секако ипонатаму.

Даниела Палтоска

23.04.2022