Игор Ристески, магистер по економски науки, со преку 14 годишно искуство во банкарство, го сподели своето искуство од обуката организирана од Нова консалтинг.
"Нова Консалтинг" ги одбрав СЛУЧАЈНО од релативно големиот избор на различни курсеви за сметководство кои се нудат на on-line пазарот денес ... но НЕСЛУЧАЈНО и топло ги препорачувам на секој што сака да научи или да си збогати знаењето во делот на сметководствоо.
Магистер сум по економски науки, со преку 14 годишно искуство во банкарство, и во целиот мој работен век работам и се надградувам во делот на корпоративното банкарство. А колку имате поголемо искуство и повеќе знаете - толку подобро знаете што ви недостига од морето на знаење.
Во Нова Консалтинг го добив точно тоа што го барав.
Добив толку интензивен а истовремено толку прилагоден курс за сите учесници, имаќи во предвид дека на курсот сите сме со различен степен на знаење и познавање на финансиите и сметководството, за да на крајот сите научиме исклучително многу. Доволно да можеме да напредуваме во Нашите кариери на постојното работно место, па се до можност самостојно да работиме како обучени сметководители.
Накратко кажано, уживив во курсот, научив многу, стекнав вистински пријатели, а особено сакам да го истакнам знаењето и искуството на нашиот ментор и предавач, Кристина Тилиќ.
Самодовербата е правопропорционална на знаењето - колку повеќе знаеш толку поголема самодоверба ќе имаш. А бидеќи јас сум човек кој го почитува концептот на доживотно учење, топло ги препорачувам Нова Консалтинг за Ваша следна станица.
Игор Ристески
02.05.2022