12.06

Благодарам е малку да се каже за Вашата посветеност кон Вашите ученици!

Анита Шајкарова, сметководител во Дрекслмајер - Кавадарци, го сподели своето искуство од обуката во Нова консалтинг

Пребарувајќи по интернет за online обуки кои се нудат денес на online пазарот од областа на сметководството, даноците и нивната примена, контрола на финансиските извештаи, како и консалтинг услуги јас се одлучив за вашата компанија ПКФ Нова Консалтинг.

Вниманието и заинтерeсираност пред се ми го создаде Вашето CV - како врвен ментор, предавач и долгогодишно и богато искуство од област на економијата со посебен акцент на сметководството. Не погрешив воопшто во оваа одлука. Можам да потврдам во целост дека сте пример за останатите компaнии кои нудат обуки од ваков карактер. 

Со оваа обука независно од работното искуство, се  стекнуваш и надоградуваш со ново знаење и самодоверба, пред се вреднување на сопствената професија како сметководител, и добиваш мотив за постојано инвестирање во својата кариера.

Вашиот тим многу добро го имаат организирано и осмислено целиот процес на следењето на обуката. Од пристапот преку Zoom апликацијата, пристап до Вашиот едноставен и лесен за работа софтвер преку Any desk, материјалите, вежбите се до пренесувањето на Вашето знаење и искуство.

Секој кој ја посетил Вашата обука заминува со точно дефинирано и големо знаење од областа на сметководството со посебно внимание за основните правила и контроли на сметководството.

Благодарам што бев дел од еден прекрасен тим на амбициозни колеги, од различни професии , квалитети и карактери , но сите со една цел  надоградување на својот личен раст и развој во својата кариера. 

Кристина, Вам посебно Ви благодарам за Вашиот несебичен труд и пренесено знаење, трпеливост, разбирање и стручност што ни го пруживте на предавањата. Ви посакувам многу успешно завршени обуки и години исполнети со професионалност. 

Се гледаме повторно на некоја од наредните обуки.

-Анита Шајкарова, сметководител во Дрекслмајер - Кавадарци