25.06

Невозможното станува возможно!

Се приклучив на оваа обука како почетник без соодветно образование и претходно искуство во оваа област.

Благодарение на менторката Кристина Тилиќ која како дел од тимот на ПКФ Нова Консалтинг  ги водеше обуките за Сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на ФИ и несебично се вложуваше и ни посветуваше премногу внимание на секој поединечно успеав одлично да го совладам материјалот.

Низ теорија и практични примери научив многу корисни работи кои ќе ми послужат како основа во понатамошното работење. Практичните примери особено ми помогнаа да ја разберам суштината на сметководството, логично да размислувам и поинаку да пристапувам при решавање на “настаните”.

Најтопла препорака за сите оние кои немаат искуство  ниту било какво претходно познавање на сметководството, а кои можеби се плашат да се пријават мислејќи дека нема да успеат. 

Оваа група на професионалци на чело со Кристина и невозможното го прави возможно. Не размислувајте премногу , пријавете се и почнете ја вашата нова успешна приказна заедно со ПКФ Нова Консалтинг!

- Љупка Митковска административен службеник - Медицал Адванце