10.01

Симбиоза на навидум два некохерентни концепти, динамика и сметководство

Преку обработка на конкретни настани од сметководствената секојдневност и преглед на даночната регулатива низ призма на оваа дејност, едукацијата на Нова Консалтинг ги надградува учесниците на овој курс за предизвиците кои се кријат во документите на секоја фирма. 

Од голема суштественост е тоа што Нова Консалтинг учи на способноста за концепциско гледање на фирмата, преку извршување на контроли на сметководственото работење.

Инспирирани за надминување на бариерите кои ги носи окружувањето, Нова Консалтинг се технолошко-логистички подготвени за одржување на квалитетна едукација, а јас како единствен во мојата група кој е роден во 21ви век, најтопло ги препорачувам за сите млади кои се на прагот на сметководствената дејност.


-Леонид Георгиевски, студент на Економски факултет, Кирил и Методи, Скопје