Вистинска чест и задоволство беше да се учи од најдобриот. Нова консалтинг и Кристина Тилиќ лично ме уверија дека нивната обука за Сметководство и контрола на ФИ навистина „вреди за сите пари“. Спојот на теоријата и практичната работа преку тестови и завршен проект, многу ми помогна да навлезам и да ја сфатам оваа проблематика.
Кристина ме воодушеви со способноста на секој од нас да ни го одржи нивото на концентрација, иако обуката се одржуваше онлајн и после работното време. Нејзината максимална посветеност и стручност придонесе да се стекнам со знаење и со поголема сигурност во себе.
Сметководството за мене беше област во која немам никакви познавања, но знаењето кое го стекнав ја олеснува мојата секојдневна работа и убедена сум дека ќе влијае на мојот понатамошен професионален успех. Навистина прекрасно искуство и затоа ја препорачувам оваа обука за сите кои се заинтересирани за сметководството.
-Александра Миновска, раководител во Централен регистар
Април, 2023