20.04

Интерактивните и динамични часови!

 

Голема благодарност до Кристина (Нова Консалтинг), која како предавач со долгогодишно искуство знае на најдобар можен начин да го пренесе своето знаење кое не така лесно можеш да го заборавиш.

Стекнав искуство и знаење кое придонесе многу во мојата тековна работа. Преку обуката која се одвива со реални примери и пракси искусив голем дел од сметководствената практика. 

Самата обуката беше интензивна но интересна, ми се допадна тоа што теоретскиот дел беше поткрепен со многу практични вежби, кои ми овозможија да го надоградам своето знаење, а воедно и да научам многу нови работи. 

Би сакала да нагласам дека она што го научив од оваа обука преку интерактивните и динамични часови ми овозможи да имам поголема самодоверба и да се надоградувам како личност.

- Елена Илиевска, помлад ревизор во Развојна Банка