17.12

Нов чекор кон остварување на соништата!


Идејата за посета на една ваква обука дојде случајно, во еден разговор со моја познаничка која исто така ја посетувала оваа обука и имаше само пофални зборови. После тој разговор се охрабрив и јас да започнам со нешто ново и сум пресрекна што го направив овој чекор.

Едно големо благодарам до нашата професорка Кристина Тилиќ за нејзината посветеност, нејзиниот ентузијазам, упорност и умешност во пренесување на своето знаење и способност да те натера активно да размислуваш и допринесуваш за време на часовите.

Иако досега немам практично искуство во Сметководство, после оваа обука сметам дека сум спремна за нови кариерни предизвици и самоуверена да тргнам кон нови успеси ! 

-Слаѓана Јакимовска, менаџер на продавница, Ај Стаил



Се пријавив без претходно искуство и соодветно образование, пред мене беше еден огромен предизвик, желба и стремеж да направам промена и да се стекнам со ново знаење. 

Обуката за сметководство, јас ја доживеав како еден нов чекор кон остварување на соништата. 

Професорката Кристина, пример за добар едукатор, стручна во својата област, принципиелна и строга, ме награди со огромно знаење во сметководство кое во иднина ќе го искористам за градење на нова кариера.

-Тања Ѓоршева Стојковска


Големо БЛАГОДАРАМ за трпеливоста, истрајноста, вложениот труд и пред се за позитивната енергија на нашиот ментор Кристина Тилиќ.

Како што сеачот го сее семето и неуморно до одгледува за да добие добар род, така и вие не само што го сеевте вашето знаење туку бевте посветени кон секој од нас за да го покажеме крајниот резултат и да га оправдаме вашиот труд.

-Слаѓана Савева, администратор, Стел Импекс

17.12.2023