13.07

Научив многу нови работи и сфатив дека е значајно да се знаат работите во пракса, а не само теорија

Обраќање на Елена, дипломиран економист на департман 'Сметководство и ревизија' при Економскиот факултет во Скопје


Почитувана професорке,

Јас од моето присуство на Вашиот курс ќе имам само убави спомени. Прво ми е многу мило што Ве запознав Вас, која имате огромно познавање и од сметководство и од ревизија. Ми беше драго што успеав да запознаам нови луѓе и да го проширам кругот на познанства. Оваа обука не само што ми овозможи да ги проширувам своите знаења, туку и ми помогна да изградиме важни професионални врски и пријателства.

Научив многу нови работи и сфатив дека е значајно да се знаат работите во пракса, а не само теорија. Практичните примери и реалните ситуации што ги дискутиравме на часовите ми помогнаа да го разберам применувањето на теоретските концепти во секојдневната работа. Јас веќе ги гледам резултатите од мојата посета на Вашиот курс, а тетратката ќе ја чувам засекогаш, и верувам дека уште многу ќе ми користи како референтен материјал.

Особено ми е драго што имав можност да учам од Вас, професорка која е многу почитувана во својата бранша. 

Вашата посветеност, ентузијазам и длабоко знаење оставија голем впечаток врз мене. 

Верувам дека стекнатото знаење и искуство од Вашиот курс ќе ми бидат од голема корист во иднина, како во мојата професионална кариера, така и во личниот развој.

Се надевам дека и Вие мене ќе ме памтите по добро, како и јас Вас. Вашата поддршка и насоки ми беа од голема помош, и се надевам дека ќе имам можност повторно да учам од Вас во иднина.

Со почит,

Елена Андонова