31.10

Don`t shoot me I am only the Book-keeper

 За време на моето учење на сметководството, за време на моето студирање, се сретнав со една изрека: 

“Don`t shoot me I am only the Book-keeper”,
која уствари е превод на сметководствен јазик, наслов на еден албум на Elton John – Don`t shoot me, I am only the Piano Player. 

За време на обуката често пати оваа изрека ми се моташе низ глава и ја користев како увод за да ја разберам во целост улогата на сметководителот во функционирањето на фирмата. 

Обуката е вистинско место за запознавање на сметководството одблиску.

Ги надминавте моите очекувања. На крајот од оваа обука сите мои прашања беа одговорени интерактивно. Го препорачувам топло како на сите почетници, така и на искусни. За Кристина како предавач – СЕКОЈА ЧЕСТ, одлично ја мотивираше групата. 

Keep up the excellent work!

-Катарина Гацова, консалтинг друштво Про агенс


Среќна сум што ја одбрав токму Нова Консалтинг, ми помогна многу во разграничувањето на многу сметководствени работи што досега ми беа нејасни. 

Горда сум што ја запознав Кристина, голем стручњак во својата област која нескржаво ни пренесе дел од нејзиното знаење. 

Се надевам дека обуката ќе ми помогне во моето вработубање, сега степенот на сметководството ми е на повисоко ниво од досегашното.

-Манева Благица, невработена

 

  

Оваа обука ги задоволи сите мои критериуми. 

Преку примери и пракса беше пренесена сета обука и она што треба да се знае за сметководството. 

Прекрасна комуникација и договор. Достапност во секое време.

-Констандина Наумоска, невработена