14.07

Што е успех: Знаење, Напорна работа, Организација, Пријателства

Локица Спасева зборува за придонесот на обуката во нејзината професионална кариера како сметководител 


Се запишав во Нова Консалтинг без претходно познавање на сметководството, со цел да постигнам успех на работното место. 

Успехот, за мене, претставува постигнување на одредена посакувана цел или резултат. Секој од нас има различна претстава за успехот, која е променлива со текот на времето.

Пат кон успехот - моите адути за патот кон успехот се: знаење, напорна работа, организација и пријателствата со кои се стекнав во Нова Консалтинг и со прекрасниот тим кој го водевте Вие, професорке Кристина Тилиќ. 

Вашата стручност и посветеност ни овозможија прекрасна обука, и ми помогнаа да ги надминам моите предизвици и да се стекнам со нови вештини и знаења кои се услов за остварување на мојата цел - стручност и професионалност на  работното место, со еден збор УСПЕХ.

Искрено Ви благодарам за Вашата поддршка и за сето што направивте за нас. Вашиот придонес е непроценлив и Ви посакувам се најдобро во Вашата понатамошна работа.

Со почит,

Локица Спасева