Обука, Април-Мај, 2017
А.Ш. комерцијалист во НЛБ Банка
Целосната обука и начинот на предавањата од страна на Кристина беше одличен. Материјалот ни беше пренесен на разбирлив начин и со многу практични примери. Совладувањето на материјата беше олеснето преку многу тестови, домашни задачи, како и еден поголем проект.
Мора да признаам дека основите на сметководството поубаво ги совладав на овој курс отколку од предметот на факултет.
Многу работи што ги научив тука, почнав да ги применувам во работењето, особено при анализа на финансиските извештаи на клиентите.
Целокупната атмосфера на обуката беше многу пријатна, запознав многу нови и убави личности и се надевам дека сите ние ќе имаме и понатаму можност да соработуваме.
З.К. директор на Интер-Мак Велес
Драга Кристина, и покрај тоа што мојата струка е далеку поразлична од оваа област јас сум премногу задоволна со мојата одлука што го посетував овој курс. По завршувањето на курсот јас се чувствувам спремна и сигурна да ја работам работата која што е во рамките на мојот делокруг во фирмата во која работам.
Голема благодарност до Вас, Кристина. Се гордеам што запознав ваков пред се прекрасен човек, а потоа и голем професионалец.
Искрено научив многу повеќе од што се надевав. Посебно ми се допадна концептот на предавањата. Сметам дека со посетата на овој курс имам многу добра основа за напредување и за натамошно надоградување на сопственото знаење.
Се заблагодарувам на Кристина, за пренесеното знаење, и искрено се надевам дека ќе продолжиме да соработуваме.
И.Л. кредитен референт во Фондација Хоризонти - Гостивар
Многу сум задоволна од обуката, методот на учење ги надмина моите очекувања и за овие три месеци стекнав знаење кое ќе продолжам да го надоградувам и применувам.
Најмногу ќе ми остане во сеќавање проектот кој ни беше зададен за дома, на кој многу работев и се она што го имав научено во претходните часови го потврдив.
Обуката допринесе многу за мојот личен развој, претходните 5 години имав прекин во работниот однос и
учењето и оваа обука ја дожувувам како темел за натамошен личен развој и професионално усовршување.
М.Ѓ.
Целокупниот мој впечаток од оваа обука е одличен, пред се затоа што се работеше во амбиент каде владееше позитивна енергија.
Кристина е една прекрасна личност, вистински професионалец во својата област која одлично умее да пренесе знаење и несебично да го даде својот личен влог за нас, слушателите, да не воведе во сметководството. Таа е заслужна што јас, по завршување на обуката, се стекнав со јасна и реална слика за сметководствените практики и стандарди, како кај нас, така и во светот.
Сега се чувствувам сигурна да се впуштам во работата и да се наречам себе си - сметководител.
Секое надоградување и вложување во себе и своето знаење дава одлични резултати пред се ако знаењето е пренесено од личност со одлично развиена методологија и пристап.
Лично Ви благодарам за се, за сето знаење, искуства и пренесена позитивна енергија.
Н.Н. одговорен на продажно место во Божиновски-часовници и накит
Целокупната програма имаше позитивно влијание на моето лично надоградување и понатамошна кариера.
Стекнатото знаење, дружењето со колегите, несебичното залагање на Кристина да не научи, ќе го паметам многу долго и целосно го поздравувам.
Учењето и усовршувањето е долг процес за напредок, секоја величина и знаење е знак на напредок во кариерата на секој млад човек, а професорката Кристина Тилиќ умее тоа го пренесе со огромна и позитивна енергија.
Б.В. економист во Стајлинг професионал
Обуката бар за мене како индивидуа која немала допирна точка со сметководството значи отскокна даска и добивање на една слика за суштината на самата материја.
Многу сум задоволна од тоа што го научив за период од два и пол месеци, а во практика беше: пребивање на трошоци со расходи, прикажување на трошоците во периодот кога настанале, книжењата на влезни и излезни фактури и изводи итн.
Наставниот материјал ни беше прикажан и објаснет на високо професионално ниво.
Она што најмногу ми се допадна беа тестовите кои беа присутни секој час.
Мене лично ми фали уште практична работа, меѓутоа можам да се пофалам дека стекнав добра основа за сметководството и финансиските извештаи за компанијата.