11.11

Индивидуален пристап!

Соња Чадиковска , дип.економист и раководител на одделение за финансиски работи  во ГА-МА АД Скопје

Секој кој има потреба и желба да го надополни своето знаење од областа на сметководството, му препорачувам да ја посети обуката на г-ѓата Кристина Тилиќ. Таа, многу едноставно но презентативно, преку предавања и практични примери на часовите, ни ја долови целината на финасиското и сметководственото работење што треба да ја има една успешна компанија.

Преку проектните задачи за вежбање дома, секој поединечо согледува каде му е пропустот, а потоа на следниот час истото ќе биде појаснето и утврдено.

Секој кој за првпат се сретнува со сметководството, а во иднина сака да го работи, или пак, ако веќе го работи а му треба сигурност и надградување, нека ја посети токму обуката  во Нова Консалтинг. 

Само со работа се доаѓа до успех, вели г-ѓа Тилиќ. И благодарам од срце. 



Асмир Ибровиќ, Невработен

Пред да почнам бев голем скептик во врска со курсот, бидејќи доаѓам од сосема друга бранша (медицината).

Мислев дека поради тоа што немам никакви претходни знаења во врска со сметководството дека на предавањата воопшто нема да се вклопам.  Веќе од првиот час видов дека згрешив, почнувајќи од методот на учење, концептот на наставата кој е одлично осмислен , до самите предавања на кое толку детално се ангажиравте да го сфатиме не само теоретски, туку и со примери од праксата, што на крајот даде врвни резултати.

Како што поминуваа предавањата така почнав да ја разбирам материјата и да ја сфаќам суштината на сметководството, а тоа се должи на мојот предавач и ментор, кој воедно е и голем експерт во својата бранша почитуваната Кристина Тилиќ.
Ви благодарам што бевте дел од моите почетоци во сметководството и што ме насочивте на кој начин треба да го учам и да го разбирам и да го засакам сметководството. Ви благодарам од се срце!

Р.Ѕ. НЕ БЕГАЈТЕ ОД РАБОТАТА, ТАА Е ПАТ ДО УСПЕХОТ  (Кристина Тилиќ)

Декемри, 2017