11.11

Ученикот неприметно станува мотивиран се повеќе да учи

Обука 2016 Април-Мај

В.Т. Финансов Менаџер, Мусала Софт

Условите во кои се работи секако ги надминаа моите очекувања, одлични се! 

Начинот и темпото на  презентирање на материјата се исто така компелтно избалансирани. Можеби фали уште некој час или пак мене така ми се чини заради убавите навики и прекрасното дружењето за време на часови.

Со завршување на обуката се стекнавме со познавања од сметководството и финансиите кои се неопходни без разлика на секторот во кој работиме. 

Секако, покрај наученото, ќе ги паметам и колегите и нашата најдобра teacher Кристина!

Н.Л. дипл.економист, Кооперативна Банка АД Скопје

Предавањата беа професионални и одлично пренесени на ученикот. Начинот на кој професорката предава е  ефикасен, пристапот непосреден, и што е најважно, 

ученикот неприметно станува мотивиран се повеќе да учи и да го збогатува стоето знаење.

Доколку во иднина би требало да соработувам или да користам услуги и знаења од професионален и принципиелен ревизор /консултант, тоа ќе биде Кристина.

Благодарам за едукацијата, подршката и поттикот да учиме до крај!


Милан

Како прво, би сакал да го нагласам самиот концепт на работа: преку чести вежби (што за дома, што за на час) едноставно нема изговор за мрзливци.

Начинот на предавање: стручен во секој поглед, дисциплина, ред и одлична организиција.

Предавањето секогаш поткрепено со примери од пракса, но и секогаш оставјќи простор за размислување.

Од аспект на дружење, добивме нешто што не очекувавме: нови пријатели, за кое што веројатно и сами како група придонесовме. J

За крај, доколку треба да дадам оценка 1-10, повеќе од заслужена 10-ка.

На македонски би значело „алал нека Ви се парите J „ !


Ленче 

Како студент на магистерските студии по финансии и финасово право, 

обуката на Нова Консалтинг придонесе моите теоретски познавања во врска со даноците, да ги применам практично. 

Сметам дека е пожелно за секој дипломиран студент од ова поле на наука да ја посети оваа обука – задолжително!


Иван 

Оваа обука ги надмина сите мои очекувања во поглед на знаењето што го добив како и за пријатната атмосфера во текот на предавањата. Истотака ми остави впечаток како Вие толку умешно  и со едноставни примери ни ги доловувате настаните.

Секако овие месеци ќе ги паметам и по дружења со останатите колеги.

Со големо задоволство ја завршувам оваа обука, но и сомалку тага заради разделбата!



Димитар

Во текот на обуката јас го научив она што на некој начин ми беша во „во сенка „.  По завршувањто на овој курс јас се чувствувам потполно спремен да ја работам работата којашто е во рамките на мојот делокруг на работа. И покрај мојата струка којашто е далеку поразлична од оваа проблематика јас сум премногу задоволен со одлуката: да го посетувам курсот!

Згора на се јас запознав нови амбициозни пријатели кои ќе ми останат засекогаш.

За крај ОГРОМНА благодарност до професорката!