Оваа обука понуди беспрекорни предавања од страна на врвен експерт во областа на сметководството и ревизијата.
Во оној момент кога по завршување на часот заминуваш размислувајќи што ќе биде следно, кој ќе биде новиот интелектуален предизвик кој ќе го совладаш, знаеш дека си позадоволен и мотивиран од знаењето кое го стекнуваш.
Се додека вложуваме во себе си, вложуваме во наша поубава иднина.
Големо задоволство е да се соработува со Вас бидејќи самодовербата и знаењето кое тука го добиваме отвара широки хоризонти пред нас.
-Е.Р. сметководител во Нет електроникс
Моите импресии од посетата на оваа обука можам да кажам дека се навистина големи. Не испуштајќи ниту еден час, ми беше задоволство да го ангажирам своето време за да бидам продуктивна и активна во периодот од два месеци додека ја посетував обуката. Благодарност до Кристина за сето знаење кое го стекнав, а таа несебично и со леснотија ни го пренесе.
Горда сум што бев дел од една беспрекорна организација која беше склоп на многу учење, но и на убаво дружење.
-Д.Ј. Организација: Генерален секретаријат на Влада на РМ
Обуката во Нова Консалтинг ќе ми остане во сеќавање по неколку работи:
-убавата атмосфера за време на часовите на кои со голема желба и задоволство го збогатував моето знаење, но и по -амбицијата која се роди кај мене за натамошен развој во оваа област.
Тука го научив токму она што ми требаше, а ми беше помалку познато- водење на сметководство на трговивски друштва и се останато опфатено со оваа проблематика.
-Е.Т. помлад соработник во одделение за финансиски прашања во Народен правобранител на РМ
- Јуни, 2017