Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија организира обука за
Финансиско управување, финансиска транспарентност и отчетност на граѓански организации
Обуката се оджа во Битола на 6-7 февруари 2020. Предавачите, Николаки Миов и Кристина Тилиќ, преку теоретски и практични примери допринесоа за надградување на знаењата на слушателите од непрофитниот сектор во врска со следните теми:
- Буџет и контрола на буџетот како алатки за управување и раководење со финансиите, нивните предности и недостатоци, методи и примери на изработка на буџети и ефективни контроли;
- Долгорочни и краткорочни финансиски планови и проекти од аспект на диверзификација на фондови и различни карактеристики на финансиски извори;
- Процедури во набавки и контрола на процесот како суштински дел од процесот на добивање соодветна вредност за парите од аспект на поголемите донатори и добри практики
- Интерни контроли во насока на управување и контрола на ризиците во ГО особено усогласеност со прописи, измами и корупција;
- Финансиско, управувачко и даночно сметководство од аспект на нивната различна намена но и комплементарност. Методи на алокација на трошоци;
- Сметководство и поврзани политики, процедури и следење на циклуси на активности;
- Даноци во 2020 година од аспект на ГО;
- Транспарентност и отчетност начин ГО да покажат дека нивните активности се во склад со декларираните вредности;
- Финансиски извештаи во функција на транспарентност и отчетност за различни намени и различни сметководствени рамки со посебен акцент на домашното законодавство споредено со европското; Интерна и независна ревизија и нивните постапки, цели и извештаи
Дата, 9.02.2020